Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вешт Грк измамил британски банки за 750 милиони фунти

Вешт Грк измамил британски банки за 750 милиони фунти
Британски суд осуди наследник на грчки бродосопственик на седум години затвор заради измами во Велика Британија за 750 милиони британски фунти.  Парите биле исплаќани од Елајд Ајриш Бенкс (Allied Irish Banks) и Бенк оф Скотланд.  Ахилеас Калакис  е наследник на бродосопственикот Панделис Калакис и во измамите работел заедно со британскиот соучесник Александар Вилијамс, објави „Та неа“. Двајцата успеале да измамат редица банки на Островот кои им давале оргромни суми пари. Вилијамс е осуден на пет години затвор за фалсификување документи. Двајцата се познаваат од студентски денови и заедно успеале да добијат вкупно 900 милиони фунти од британски банки со фалсификувани документи. Со парите купуваат 16 имоти во Велика Британија и ферибот. Заради измамите повеќепати си ги смениле имињата. Британски суд исто така призна дека и банките се виновни бидејќи не направиле потребни проверки пред да им дадат пари.
Слично

Поврзани вести