Весело, со патриотски песни на протестот на ГДОМ
Протестот на Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) тече во мирна атмосфера.
Учесниците на овој протест кон седиштето на СДСМ, се веселат со зурли и тапани и патриотски песни. Тие вечерва повторно ќе го изразат својот револт против аболицијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и екс разузнавачот, Зоран Верушевски, како и да дадат поддршка за изборите закажани за 5-ти јуни.
„Македонецот е свесен и знае кој што му посакува добро а кој лошо и знае да направи разлика за тоа кои работи сево интерес на Македонија а кои против Македонците“ -рече Александар Пандов од ГДОМ.
Протестот вечерва е помасовен од вчера.
Слично
