ВЕРУВАМ ДЕКА МАЈА Е ВМЕШАНА ВО ИСЧЕЗНУВАЊЕТО НА МАТЕЈ: Првпат се огласи пријател на семејството Периш
Поминаа речиси два месеци од исчезнувањето на Матеј Периш во
Белград, а опсежната потрага на полицијата по сплиќанецот се уште не
престанува. На социјалните мрежи се
формирани бројни групи кои му даваат поддршка на неговото семејство и преку кои
луѓето комуницираат и даваат свој придонес за расветлување на мистеријата на
исчезнатиот Матеј.
Марко Маркановиќ, пријател на Матеј и семејството Периш, е човекот кој креираше групи на социјалните мрежи, кои имаат за цел да го најдат Матеј.
Тој за прв пат проговори пред јавноста и презентираше нови информации за потрагата по исчезнатото момче.
- Луѓето доаѓаат од Шведска, Германија од скандинавските земји. Нудат помош, не само со информации, нудат и финансиска помош на семејството. Имаше голем одзив за финансиска помош. Со тие средства им помогнавме на волонтерите кои доброволно го бараат Матеј, пред се на доброволната противпожарна бригада Палилула - вели тој.
Зборувајќи за Маја Шопта од Сплит, пријателката на Матеј, последната личност со која се обидел да стапи во контакт пред да исчезне, Маркановиќ вели дека луѓето многу лошо реагирале на неа.
- Што се однесува до Маја, луѓето многу лошо реагираа на Маја бидејќи Маја веќе имаше неколку грешки во нејзините изјави. Луѓето се ужасно огорчени на Маја, а сега не знам дали е вистина дека била вмешана. Верувам дека таа беше на некој начин вклучена. Не можам да обвинам човек без никакви докази, но дека има вмешаност во сето ова, има - вели пријател на семејството Периш.
