ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ: Просечната плата во светот е 1.600 долари – а во Македонија?
Светската средномесечна плата лани се зголемила за 2% во однос на претходната година и изнесувала 1.600 американски долари, утврди Меѓународната организација на трудот.
Оваа организација прави глобална анализа на платите во светот, според која во развиените земји, просечната плата изнесува околу 3.000 долари на месец, а во земјите во развој таа изнесува околу 1.000 долари. Платата во САД е три пати повисока од онаа во Кина.
Темпото на раст на платите на светско ниво забавува. Растот на платите лани во Азија изнесува 6 отсто, во Источна Европа е 5,8 отсто, а во Латинска Америка – само 0,8 отсто.
Анализата на Меѓународната организација на трудот покажува дека оние кои мигрирале имаат повисоки плати од оние кои останале во родните земји.
Наспроти забавениот раст на платите се забележува зголемување на продуктивноста, што практично значи дека работниците добиваат помалку од растот на економијата, а газдите заработуваат повеќе.
За споредба, македонската статистика мери дека лани просечната нето плата во земјава била околу 340 евра или 420 долари, што е далеку под светскиот просек.
Слично
