Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верушевски: Пиштолот ми е симбол за тридецениска посветеност во работата

Верушевски: Пиштолот ми е симбол за тридецениска посветеност во работата

Клучниот доказ според обвинителката за кој се товари екс директорот на ДБК и првоосомничениот во Случајот „Пуч“ Зоран Верушевски е неговиот пиштол од марката  „Црвена застава“.

Со него во раката на обвинителката денес започна судењето против Верушевски - за кој надлежните велат дека неовластено го поседувал оружјето.

На ова тврдење екс разузнавачот давајќи исказ изјави дека пиштолот го добил пред 33 години службено и никој од МВР не побарал да го врати оружјето за кое во моментов се товари, и истакна дека пред три години бил правен претрес во неговиот дом и полицијата му го оставила оружјето.

Одбраната на Верушевски се темели на оваа фактичка состојба, а оружјето нема материјална вредност, нема огнена моќ, и истиот бил симбол на неговата посветеност во тридецениската служба за безбедносните структури на Македонија.

Да се потсетиме …

Зоран Верушевски, екс-директорот на ДБК во времето на СДСМ со лисици на рацете и полициска придружба беше изнесен пред истражен судија и јавен обвинител во Скопје во јануари, со што му беше одреден притвор од 30 дена.

Во февруари повоторно му беше одреден притвор од исто толку , а го товарат за  за кривични дела шпионажа и насилство кон носителите на највисоките државни функции.

Зоран Верушевски, екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. Зошто е уапсен Верушевски? Има ли политичка позадина во неговото апсење?

Кој е Зоран Верушевски

Верушевски потекнува од Струга. Тој е доктор на науки. Докторира во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско – германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност.

Дамки врз неговото професионално портфолио

Верушевски своевремено го напушти МВР кревајќи прав со еден доделен стан, кој наводно, бесправно го откупил, за веднаш потоа да го издава, бидејќи добил и друг – генералски. Верушевски тогаш ја фрапираше јавноста и со неговите малверзации околу сопственоста на двата државни стана. Медиумите тогаш пишуваа дека тој во почетокот се обидел да го релативизира скандалот, велејќи дека тој не е виновен што друг му ги доделил становите и дека нема правен механизам како да го врати станот. Подоцна се коригираше и најави дека ќе го врати едниот стан, и тоа помалиот. Имено, тогаш Зоран Верушевски, користејќи ја службената положба и хиерархиската надреденост, преку тогашната помошничка на министерот за правни и кадровски прашања барал и издејствувал решението за станот да се антидатира, при што во деловната книга било запишано како решението да било донесено во 1997 година. Со тоа тој се здобил со можност да го откупи станот. Јавноста тогап почна да притиска врз премиерот Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов, веднаш откако Зоран Верушевски, беше назначен за директор на УБК.

За добар дел од стручњаците Верушевски е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. За дел од познавачите сепак Верушевски е човек со високи морални вредности, кој е во постојана борба за правда и владеење на правото.

Во полициската акција „Пуч“ осомничени се и неговата сопруга, лидерот на СДСМ, Зоран Заев и локален струмички функционер.

Слично

Поврзани вести