Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верушевски: Не комуницирам со странски служби

Верушевски: Не комуницирам со странски служби

Зоран Верушевски, екс директорот на ДБК кој веќе неколку месеци е во притвор и се товари за сторено кривично дело – недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распсркувачки материјали вели дека прислушувањето е дело на Петтата управа на МВР и дека истото започнало во 2007 година.

Тој е првообвинет во случајот „Пуч“ и денеска Основниот суд Скопје на седницата требаше да одлучи дали случајот ќе се врати во истражна постапка или пак ќе започе судски процес.

Според она што го пренсуваат дел од медиумите Верушевски посочил дека  вработени во УБК биле инволвирани и доколку има судски процес сите ќе ги повика да сведочат.

-Сум остварил околу 20 комнуникации со вработени во Управата за кои се надевам дека ќе бидат сведоци за состојбата во која биле седум години, истакна Верушевски.

Тој потенцира дека немал комуникации со странски служби, и дека Обвинителството немало докази за такво нешто и дека шпиунажата не е семеен бизнис.

„Господа судии, шпиунажата не е семеен бизнис“ - истакнал Верушевски.

Тој истакнал дека обвинителниот акт е премногу сиромашен со докази и истиот е креација која е невозможно да се користи противправно цели пет години.

- Во моите три децени работа во контраразузнавање ве уверувам дека е невозможно да има шпиунажа, прислушкување и наслиство, бидејќи овие три модели не се компатибилни и никаде во светот не се употребуваат - појасни тој.

Да се потсетиме...

Зоран Верушевски, екс директорот на ДБК го носи товарот на контраверзна личност барем таква е перцепцијата на јавноста, иако за добар дел од стручњаците тој е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. Зошто е уапсен Верушевски? Има ли политичка позадина во неговото апсење?

Кој е Зоран Верушевски

Верушевски потекнува од Струга. Тој е доктор на науки. Докторира во 1992 година на Факултетот за безбедност во Скопје, на тема „Терористичките акти на емиграцијата во југословенско – германските екстрадициони односи до почетокот на деведесетите години. Во биографијата на Верушевски стои и ангажманот, декан на ФОН Универзитетот на Факултетот за детективи и безбедност.

Кадар на СДСМ, сенка на Црвенковски

Секогаш кога станува збор за раководни структури во МВР од редовите на СДСМ, се наметнува името на Зоран Верушевски. Кога социјалдемократите доживеаја пораз на изборите во 1998 година, заедно со нив во “опозиција” замина и овој професионалец. Следните четири години до 2002 е во длабока политичка сенка, се до септемвриската победа на СДСМ, тогаш на чело соБранко Црвенковски.

Дамки врз неговото професионално портфолио

Верушевски своевремено го напушти МВР кревајќи прав со еден доделен стан, кој наводно, бесправно го откупил, за веднаш потоа да го издава, бидејќи добил и друг – генералски. Верушевски тогаш ја фрапираше јавноста и со неговите малверзации околу сопственоста на двата државни стана. Медиумите тогаш пишуваа дека тој во почетокот се обидел да го релативизира скандалот, велејќи дека тој не е виновен што друг му ги доделил становите и дека нема правен механизам како да го врати станот. Подоцна се коригираше и најави дека ќе го врати едниот стан, и тоа помалиот. Имено, тогаш Зоран Верушевски, користејќи ја службената положба и хиерархиската надреденост, преку тогашната помошничка на министерот за правни и кадровски прашања барал и издејствувал решението за станот да се антидатира, при што во деловната книга било запишано како решението да било донесено во 1997 година. Со тоа тој се здобил со можност да го откупи станот. Јавноста тогап почна да притиска врз премиерот Бранко Црвенковски и министерот за внатрешни работи Хари Костов, веднаш откако Зоран Верушевски, беше назначен за директор на УБК.

Верушевски до неговото апсење беше во длабока политичка сенка

Големо изненадување беше веста за апсењето на екс директорот на ДБК, Зоран Верушевски. Речиси и да не беше активен на политичката сцена, скоро и да го заборави јавноста. Државата сега ќе мора да обелодени сериозни докази за уште посериозните обвинувања за кој го товари разузнавачот Верушевски.

Мерка притвор од 30 дена

Откако спектакуларно беше приведен  поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски, од обвинителството информираа дека му е одреден притвор од 30 дена.Во соопштението од Јавното обвинителство, Верушевски не е спомнат со име, туку се наведува дека изречената мерка се однесува за поранешен висок функционер. Како што соопшти МВР, мерката  притвор му е изречена бидејќи се сомничи за две кривични дела – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје  и „Прикажување порнографски материјал на дете“. При претресот во неговиот дом биле најдени два, за кои  не била најдена дозвола за легално поседување.  Реагирано е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа.

Има ли политичка позадина во апсењето на Верушевски?

Дел од аналитичарите во земјава со апсењето на Зоран Верушевски препознаа политички мотиви, особено што Верушевски важеше за близок човек на поранешниот премиер и претседател на државата Бранко Црвенковски. Тој како шеф на државата во 2007 година го помилува синот на Верушевски, Александар од здравствени причини. Александар Верушески не смее да биде привилегиран затоа што е син на Зоран Верушески. Меѓутоа, тој не треба да биде дискриминиран заради тоа што е негов син, изјави тогаш Црвенковски. Јавноста веќе шпекулира дека апсењето на Верушевски е практично порака до Црвенковски да се вклучи активно во политиката со цел да го поремети делувањето на раководството на СДСМ, особено после најавите на актуелниот лидерЗоран Заев за т.н бобми со компромитирачки материјали  за актуелниот државен врв.

Врвен професионалец

За добар дел од стручњаците Верушевски е врвен професионалец кој солидно ја владее материјата безбедност и разузнавање. За дел од познавачите сепак Верушевски е човек со високи морални вредности, кој е во постојана борба за правда и владеење на правото.

Слично

Поврзани вести