Верушевски ќе добие куќен притвор?
Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот Пуч утре би можел да излезе од притвор, откако специјалното обвинителство, во одговор до Судот за барањето на неговите адвокати за укинување на притворот, предложило на Верушевски да биде ослободен со кауција и да му биде определена мерка – домашен притвор, како и да му биде одземен пасошот, пренесе Телма.
Според пишувањата на гореспоменатиот медиум притворот на Верушевски, првично од 23 јануари за недозволено држење оружје, а потоа и за обвиненијата за случајот „Пуч“, трае од 23 јануари.
Одбраната на Верушевски, потврди дека побарала укинување на притворот, а од Скопскиот кривичен суд, дека го добиле одговорот на Специјалното обвинителство, но велат дека сеуште не заседавале за да донесат одлука.
Извор: Телма
Слично
