Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верските лидери побараа од гласачите мирни избори

Верските лидери побараа од гласачите мирни избори
Сите поглавари на верските заедници во Македонија со заедничко писмо ги повикаа гласачите и верниците да го остварат своето уставно загарантирано право на глас на мирен, достоинствен и одговорен начин, и со богоугодно и човекољубиво однесување. Изјавата е потпишана од поглаварите на Македонската православна црква, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската верска заедница. Во неа се потсетува дека сите граѓани имаат одговорност за иднината и просперитетот на државата. „Секое нарушување на изборниот процес, но и на сеопштото општествено функционирање, се вели во соопштението, прави штета за нас самите во прв ред, но и за лицето на нашата држава – Република Македонија во светот“, стои во соопштението упатено до јавноста.  
Слично

Поврзани вести