Верска секта ги краде цвеќињата во Карпош?
Градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски се пожали дека припадници на верска секта ги крадат цвеќињата што тој ги сади на јавните површини во општината.
„Се собираат во стан во Kарпош 4, кој е изнајмен од една госпоѓа со американско државјанство, која им е пасторка, односно, раководи со сектата. Станарите од зградата велат дека по завршувањето на обредот и пеењето, тие со комбе атакуваат на цветните површини“, вели Јакимовски.
Завчера попладне припадници на сектата биле фатени на дело како ги корнат цвеќињата кја ТЦ Лептокарија и ги товарат во комбе, пишува „Дневник“.
Настанот бил пријавен и во полиција, а на фатените припадници на оваа верска секта ќе им биде поднесена прекршочна пријава за нарушување на јавен ред и мир. Законот предвидува на тој што го оневозможува користењето или оштетува јавни згради, чешми, извори, плажи, паркови, шеталишта или други јавни објекти и инсталации или ги загадува со материи и отпадоци, да му се изрече глоба од 100 до 400 евра.
Слично
