Економија, финансии, бизнис

Контакт

Веро повторно растури со добивката, КАМ и Тинекс со поголеми профити во корона-кризата

Веро повторно растури со добивката, КАМ и Тинекс со поголеми профити во корона-кризата

Во годината на корона-криза дури седум ланци на супермаркети лани во Македонија имале зголемени приходи од продажба, според официјалните податоци кои ги доби „Фактор“.

КАМ ДОО и во 2020 останува најголем играч на пазарот на малопродажба на стоки за широка потрошувачка со 169,6 милиони евра остварени приходи и добивка од 4,9 милиони евра, што е за 1,5 отсто повеќе од 2019.

По КАМ, ДОО, на второто и третото место следуваат Тинекс – МТ со продажба од 96,9 милиони евра и профит од 3,6 милиони евра и Веро маркети со продажба од 88,3 милиони евра и добивка од фантастични 10,5 милиони евра. 

Инаку Веро маркети и во 2019 година година беше најпрофитабилна компанија во оваа конкуренцијата.

Лани голем исчекор направиле Стокомак и Киппер маркети, а за тоа може целосно да се прочита на „Фактор“.

Слично

Поврзани вести