Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ТУРЦИЈА: 11 лица загинаа, а над 50 се повредени (ВИДЕО)

ВЕРИЖНА СООБРАЌАЈНА НЕЗГОДА ВО ТУРЦИЈА: 11 лица загинаа, а над 50 се повредени (ВИДЕО)

Единаесет лица загинаа, а повеќе од 50 се повредени денеска во сообраќајна несреќа во северозападна Турција, јавија локалните медиуми.

Во верижниот судир учествувале седум возила, меѓу кои три автобуси и камион на автопатот Северен Мармара во близина на населбата Дагдиби во провинцијата Сакарија, јави новинската агенција Анадолу.

Причината за несреќата се уште не е утврдена, наведува турската агенција.


Медиумите јавуваат дека областа е покриена со густа магла, а видливоста е слаба.

Гувернерот на Сакарија, Јашар Карадениз за локалните медиуми изјави дека 57 лица се повредени и пренесени во болница, а седум се во тешка состојба.

Според првите сознанија, најголем број загинати во несреќата предизвикал третиот автобус кој удрил во патниците кои излегле од возилото. Полицијата е на терен и истрагата е во тек“, изјави Карадениз, пренесува Хабертурк.

Фото: Принтскрин/Твитер

Слично

Поврзани вести