„Веритас“ кај Шехтански, Жерновски во полиција
Мирна седница денеска во општина Центар, претставниците од здружението „Веритас“ беа на средба со директорот на Државниот инспекторат за локална самоуправа Ванчо Шехтански.
„Нашата цел е постигната. И покрај обврската на Државниот инспекторат да го прави тоа што ние го побаравме, добивме уверување од директорот дека ќе постапи онака како што му налага неговата функција. Денеска ги мобилизиравме и државните институции, а исто така бараме поддршка и од редовите на црквата“, изјави Сузана Миновска од „Веритас“ и го пофали сите што излегоа на протестите.
Од „Веритас“ најавија дека идните протестите против рушење на црквата „Св. Константин и Елена“, дали и кога ќе ги има, зависат од одлуката на градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски и од државните институции.
Претпладнево, советниците во општинат Центар расправаа за буџетот. Деталниот урбанистички план е ставен на чекање во договор на двете советнички групи. По долгата расправа, беше изгласан ребаланс на буџетот, при што советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ гласаа воздржано.
Во меѓувреме, градоначалникот Жерновски поднесе барање за поведување на прекршочна постапка против непознат сторител, поради уништување на општински имот и загрозување на животот на легално избраните советници, градоначалник, општинската администрација и претставници на медиумите. Со оглед на тоа што тој не може да поднесе пријава против организаторот, бидејќи во регистарот ја нема организацијата „Веритас“, Жерновски ја повика гласноговорничката, Сузана Миновска да го открие идентитетот на организацијата и да дојде или во општината или тоа да го стори во МВР-Сектор за јавен ред и мир.
Денеска во општината беше мирно, а на искршените прозорци беа поставени и решетки.
Слично
