Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верхеји не знае кога точно Македонија и регионот ќе ги добијат вакцините од КОВАКС

Верхеји не знае кога точно Македонија и регионот ќе ги добијат вакцините од КОВАКС

На ниво на Западен Балкан, Оливер Вархеји, комесарот за проширување на ЕУ на панелот наречен „Одложени ветувања“ во рамки на Третиот економски форум во Тирана изјави дека сегашен приоритет на Брисел е да обезбеди вакцини во регионот што е можно поскоро, без да прецизира конретни датуми.

„Ги разгледуваме сите опции за помош. Ние користиме 70 милиони евра помош, мерка што ја усвоивме во декември за овие цели. Регионот ќе прими голема количина вакцини преку иницијативата COVAX, додека ние го поддржуваме регионот да се подготви за процесот на вакцинација“, рече тој.

Косово продолжува да биде единствената земја во Европа што не започнала со процесот на вакцинација, додека останатите земји, освен Србија, се уште не започнале со масовна имунизација.

Официјални лица од Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина исто така беа дел од панелот.

Слично

Поврзани вести