Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венизелос сепак ќе го пречекаме со протести

Венизелос сепак ќе го пречекаме со протести
Светскиот македонски конгрес најави дека ќе организира мирни протести утре, за време на посетата на шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во Скопје. Протестите се организираат заедно со Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија - Македон, а целта е да се изрази незадоволство од политиките на Атина кон Македонија. Вчера и иницијативата „Македонски манифест“ му испрати писмо на Венизелос со порака дека не е добредојден во Македонија, а на македонските политичари им порача да не го примаат гостинот од Атина. „Ние можеме и да се собереме и да фрламе со јајца врз него. Но, јајцата се премногу вредни за тоа“, порачаа вчера активистите на оваа иницијатива, во која членуваат писатели, поети, режисери, новинари.
Слично

Поврзани вести