Венизелос оцени – Скопје има поголем проблем со Софија отколку со Атина
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос во обраќање пред францускиот Сенат објаснувал дека спорот за името меѓу Грција и Македонија, е многу помал отколку „идеолошкиот“ проблем, кој таа го има со Бугарија.
„Има еден идеолошки проблем за вештачкиот национален иденитет меѓу Скопје и Софија. Нашиот проблем со името е мал во споредба со големите јазични и историски прашања. Никој не зборува грчки во ПЈРМ“, рекол Венизелос според записниците од Комисијата за надворешни работи и одбрана во францускиот Сенат, пред која шефот на грчката дипломатија зборуваше зад затворени врати.
Дополнително, за грчкиот министер за надворешни работи, македонскиот јазик е „псевдо-македонски“.
„Грција е првиот инвеститор во Скопје, кој е исто така нашиот прв туристички пазар. Значи, ние можеме да ја приближиме оваа земја до перспективите за членство во Европската Унија и НАТО“, навел Венизелос, додавајќи дека „големиот проблем на оваа земја се односите меѓу етничките заедници“. „Албанската заедница е целосно отворена, таа се согласува со нас за името, понезначајно прашање во однос на идеолошкиот и историскиот проблем“, рекол Венизелос пред францускиот Сенат.
Слично
