Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венизелос ќе преспие во Скопје

Венизелос ќе преспие во Скопје
Шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос вечерва со автомобил од Приштина ќе пристигне во Скопје. Утре е официјалниот дел од посетата на земјава, во функција на претставник на земјата-претседавач со Европската унија. Средбите со македонските политичари се очекува да бидат кратки. Од агендата, веќе е најавено дека во 10:30 тој ќе оствари средба со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, а во 10:45 веќе треба да биде примен и од претседателот Ѓорге Иванов. Според најавите, тој утре треба да се сретне и со шефот на дипломатијата Никола Попоски и со премиерот Никола Груевски, но агендата за овие средби се уште не е објавена. Од МНР информираат дека „на средбите се очекува да бидат разгледани актуелните прашања врзани со случувањата во Европската унија, политиката на проширувањето во контекст на актуелното грчко претседавање и статусот на Македонија во тие рамки“. Светскиот македонски конгрес најави дека за време на посетата на шефот на грчката дипломатија ќе организира мирен протест во знак на револт поради односот на Атина  кон Скопје. Попладнето, Венизелос повторно се враќа во Приштина, од каде со авион ќе замине за Грција и ќе ја заокружи неколкудневната турнеја низ балканските земји. По една деценија, ова е прва посета на шеф на грчката дипломатија во Македонија. Последен во ова својство, во 2004 година беше Петрос Моливијатис.
Слично

Поврзани вести