Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венизелос ја користи СДСМ како оружје за напад во спорот со името

Венизелос ја користи СДСМ како оружје за напад во спорот со името

Во интервју за весникот Реал, шефот на грчката дипломатија  Евангелос Венизелос ја користи македонската опозиција  како оружје против македонската евроатлантска интеграција.

Тој рекол дека во ЕУ ќе соопшти дека покрај проблемите со името, зад истото стојат и проблемите со односот на владата и опозицијата, со демократијата, со слободата на печатот итн.

“ Кога ќе појдеме во Европската Унија и во НАТО ќе им кажеме дека постои прашањето за името, но зад него е и прашањето за демокатијата, за човековите права, за владеењето на правото. Прашањето за односите меѓу Албанците и Македонците и прашањето за односот на Владата и опозицијата”, најави Венизелос.

Тој уште еднаш ги демантираше дезинформациите на Слободен печат, весник за кого грчките медиуми напишаа дека е близок до СДСМ, дека медијаторот ќе дал нов предлог.

 “ Нема нов предлог од Нимиц. Нема да има напредок во прашањето со името, бидејќи нема придвижувања од  другата страна”, вели Венизелос, реафирмирајќи ја уште еднаш позицијата за сложено име со географска одредница за вкупна употреба.

“Ова бара промена на уставното име. И новото име да се користи ерга омнес. Истото да биде и за меѓународна и за внатрешна употреба, во меѓународните организации и за меѓународните односи, за билатерални и за мултилатерални односи”, изјавил Венизелос.

 Се појасни се пораките во Грција дека владата на Самарас не смее да дозволи решението да го содржи името Македонија, позиција што токму актуелниот премиер ја форсираше во периодот кога беше шеф на дипломатија.

Слично

Поврзани вести