Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венизелос доаѓа следната недела!

Венизелос доаѓа следната недела!
Од понеделник, шефот на грчката дипломатија Евангелос Венизелос ја почнува тридневната балканска турнеја, во рамките на која ќе ја посети и Македонија, јави дописникот на МИА од Атина. Посетата на грчкиот министер за надворешни работи е во својство на претставник на земјата-актуелен претседавач со Европската унија. Но, според грчките медиуми, посетата се очекува да предизвика голем интерес, бидејќи ќе биде прва посета на висок претставник на грчката Влада во земјава по подолг период. Грчкиот весник „Етнос“ пишува дека "ова е првпат Венизелос да го посети Скопје како министер за надворешни работи" и додава дека „покрај европската перспектива на соседната земја, очигледно е дека разговорите ќе бидат фокусирани и на горливото прашање за името кое е во неизвесност“. Весникот „Катимерини“ пред неколку дена напиша коментар за претстојната посета на шефот на грчката дипломатија на регионот, при што нагласи дека „тој брза да го убеди Балканот, дека и покрај економската криза изгледите за проширување сè уште се живи, иако ова прашање не е меѓу приоритетите на грчкото претседателство“. Македонско-грчките политички односи подолго време се замрзнати и се сведуваат на кратки билатерални средби на маргините на меѓународните состаноци. Грција неколкупати во овој период официјално ја посетија министри од ДУИ, како и лидерот на оваа партија Али Ахмети, но не и владини претставници од македонскиот блок.  
Слично

Поврзани вести