Економија, финансии, бизнис

Контакт

Верниците и отец Пимен се разидоа: Што е поскапо „Поршето“ или јајцата?

Верниците и отец Пимен се разидоа: Што е поскапо „Поршето“ или јајцата?
Владиката Пимен ги искритикува верниците кои вчера фрлаа јајца во општина Центар. Тие пак се јавија да кажат-Поршето на владиката е поскапо од јајцата. Тој преку преку Фејсбук страницата на Европската Епархија им се обрати на демонстрантите. „Христијани мои кои ја браните црквата!  Ај што повторно направивте материјална штета, а патем од тоа немаше ефект, ама што не размисливте христијански барем дека со толку фрлени јајца можевте да нахраните сиромашни и гладни деца што бараат макар и расипано јајце во контејнерите, тоа боли повеќе... А башка и не одделува од Бога...“, пишува владиката. На ова од здружението „Веритас“ кои се организатори на протестот, со кој како што изјавија сакале да го спречат рушењето на црквата кај домот на АРМ, денеска потсетија на фотографија на која владиката седи во црн автомобил од марката Порше. „Со пет фрлени јајца по оние кои сакаат да рушат цркви не може да се нахранат сиромашните, но со едно Porsche Carrera во какво е сликан Отец Пимен може да се нахранат стотици фамилии“, посочуваат од „Веритас“. Инаку за  скапиот автомобил владиката уште пред неколку месеци даде изјава во весникот Дневник. „Тоа возило воопшто не е моја сопственост, а јас и не знам да возам. Мојата епархија е финансиски толку слаба, што одвај успевам редовно да земам плата, а камоли да си дозволам таков луксуз. Дали ако утре се сликам со некој авион, ќе значи дека сум го купил. Ова е мала провокација за да се направи толку преголема вест. Ако нешто не ме интересира, тоа се возилата. Тоа е обична шега“, изјавил владиката за весникот, каде додава дека Поршето е сопственост на негов пријател од Германија. Вчера владиката ги посети протестите пред општина Центар, по што изјави дека луѓето таму не биле собрани спонтано за како што велеа, да ја бранат црквата која ќе биде срушена . Вечерва тој на својот ФБ профил повторно порача дека очекува напади. „И ако од некого сум зел нешто неправедно, четворно ќе го вратам" - рекол Захеј митникот кога Христос влегол во неговиот дом.  И јас стојам зад овие зборови и дај Боже поршето да е мое па да го продадам и да го дадам приходот на оние кои имаат потреба од тоа. Ама ќе сметам да остане и за сендвичи за сите оние кои фрлија јајце на општина по принципот "јајце за сендвич":-)“. пишува владиката.
Слично

Поврзани вести