Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела и Русија ќе инвестираат 14 милијарди долари во нафтени проекти

Венецуела и Русија ќе инвестираат 14 милијарди долари во нафтени проекти

Државните компании Петролеос де Венецуела (Pdvsa) и Роснефт се договориле да инвестираат вкупно 14 милијарди долари во проекти за апсорпција на нафтени и гасни полиња во реонот на појасот на Ориноко.

Ова го објави венецуелскиот претседател Николас Мадуро по средбата во Каракас со претседателот на Роснефт, Игор Сечин, соопштија странските медиуми.

На средбата учествувале исто така и шефот на венецуелската нафтена компанија Еулохио дел Пино и претседателот на парламентот Диосдадо Кабељо.

Овие инвестиции ќе овозможат во наредните години приносот на нафта да биде заголемен двојно, истакнал Мадуро.

Во Москва се сретнаа министрите за надворешни работи на двете земји Сергеј Лавров и Делси Родригез.

Слично

Поврзани вести