Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела вредноста на нафтата ја изрази во кинески јуани

Венецуела вредноста на нафтата ја изрази во кинески јуани

Венецеула за прв пат реши да ја изрази цената на својата нафта во кинески јуани за разлика од светскиот тренд како досега во американски долари. 

Оваа одлука на венецуелското министерство за нафта доаѓа по наметнувањето на економски санкции од страна на САД кои им забранија на американските компании да водат бизнис со Венецуела што драстично се одрази на извозот на нафта. 

Целта на санкциите беше да се нанесе удар на претседателот Николас Мадуро кој тие го сметаат за диктатор кој ја задушува демократијата, врши опресија врз опозицијата и насилно ги спречува протестите против него.

Венецуела, сепак нема намера брзо да се откаже па така цените на нафтата во последниот билтен беа изразени во јуани за да се нарушела американската тиранија преку доларот што секако нема премногу да им помогне, освен што ќе ја задоволи Кина. 

На долг рок можеби токму Кина ќе се заинтересира подлабоко за внатрешната политика на Венецуела и ќе ја искористи како контра тежа во односите против САД, особено додека на власт е Трамп кој посакува трговска војна. 

Слично

Поврзани вести