Венецуела, Либија и Иран со најевтина нафта, најскапа е во Хонг Конг
По руската инвазија на Украина, дојде до силен скок на светските цени на енергијата.
Податоците на веб-страницата Globalpetrolprices за 28 март покажуваат дека цената на еден литар бензин е највисока во Хонг Конг - 2,62 евра.
Европските земји доминираат на врвот на листата, па заедно со Хонг Конг, во првите пет земји по цена на литар бензин се и Холандија, Монако, Норвешка и Финска.
Најевтиниот литар бензин во светот е во Венецуела, каде што чини само два евроценти (0,023 евра).
Во Либија чини околу три евроценти и во Иран речиси пет евроценти.
Во земјите од регионот бензинот е најевтин во Македонија - 1,33 евра, а најскап во Црна Гора - 1,74 евра.
Во Србија литар бензин чини 1.495 евра, во Словенија 1.503 евра, во Босна и Херцеговина 1,54 евра, а во Хрватска 1,58 евра.
Литар бензин во САД чини 1,1 евро и таа цена е сепак многу пониска отколку во останатиот дел од индустријализираниот свет.
