Економија, финансии, бизнис

Контакт

Венецуела би можела да го зголеми производството на нафта за 40 проценти во 2026 година?

Венецуела би можела да го зголеми производството на нафта за 40 проценти во 2026 година?

Венецуела би можела да го зголеми производството на нафта за 30 до 40 проценти оваа година, изјави денеска американскиот министер за енергетика Крис Рајт, наведувајќи дека постои голем интерес од меѓународните компании за инвестирање во оваа јужноамериканска земја.

Според него, таков раст би значел дополнителни 300.000 до 400.000 барели дневно, што би претставувало приближно една третина од очекуваното глобално зголемување на побарувачката за нафта во 2026 година.

Рајт ја даде оваа проценка за време на министерскиот состанок на Меѓународната агенција за енергија во Париз, пренесува Блумберг.

Минатиот месец САД извршија напад на Венецуела и го заробија сега веќе екс претседателот Николас Мадуро, кого го обвинуваат за наркотероризам и ќе му судат во САД. 

Слично

Поврзани вести