Венецијанската комисија против воведување финансиски зони во Македонија
Предлогот за уставни измени со кој се предвидува воведување на слободни финансиски зони во Македонија треба да се ревидира, затоа што ваквите зони ќе создадат паралелен систем, речиси целосно исклучен од правниот поредок на државата.
„Ова не е компатибилно со основните одредби на Уставот на РМ и на државите-членки на ЕУ. За време на нејзината посета на земјата, делегацијата на Венециската комисија заклучи дека Владата е подготвена детално да го преработи предлог-амандманот", потенцира Комисијата, додавајќи дека постои ризик управното тело кое ќе раоводи со зоните да добие претерано опширни овластувања и да не биде подведено под уставните органи на државата, и со тоа да не биде одговорно кон граѓаните.
„Во врска со предлог-амандманот 32, пак, со кој се дефинираат бракот и разните форми на лични заедници, како животни заедници меѓу еден маж и една жена, Венециската комисија признава дека секоја држава има огромна дискреција во регулирањето на институцијата брак. Меѓутоа, бидејќи во амандманот се зборува и за други форми на партнерство, не треба да ја исклучи можноста да им се обезбеди на истополовите двојки исто ниво на законско признавање како и за хетеросексуалните двојки", порачува Комисијата.
Дел од амандманите Венецијанската комисија позитивно ги оценува, но истакнува дека "актуелната политичка ситуација, во која опозицијата ја бојкотира работата на Парламентот, не е најидеален момент за воведување на уставни измени".
Слично
