Венцислав Гушев кандидиран за член на Надзорниот Одбор на Фершпед
Странскиот акционер во компанијата Фершпед, „Квест Инвестмент“ , преку соопштение на Македонската берза , објави дека предлага пет членови на Надзорниот одбор на „Фершпед“, за претстојното утрешно акционерско собрание.
Според соопштението странскиот инвеститор за членови на НО ги предлага, Петер Гореншек, дипломиран економист од Словенија, Венцислав Гушев, адвокат од Скопје, Драгослав Димевски од Скопје, досегашниот претседател на Надзорниот одбор, Штерјо Наков и неговиот син Сашо Наков.
Во соопштението се вели дека со ваква структура на членови во Надзорниот одбор се постигнува соодветна застапеност на носителите на акции. -
Воедно ќе претставува поттик за консолидирање на интерсите на акционерите и воспоставување реални основи надзорниот одбор овластувањата што ги поседува врз основа на закон и Статут да ги врши во интерес на Друштвото и во интерес на акционерите“, стои во соопштението поднесено од канцеларијата на адвокатот на „Квест Инвестмент“, Венцислав Гушев.
Во соопштението се наведува, дека „Квест Инвестмент“ бара гласањето за членовите да биде тајно.
Инаку пред неколку дена компанијата на Кираца Трајковска, „Консалтинг инвестментс син ДОО“ од Скопје преку соопштение на Македонска берза, за член на Надзорниот Одбор го предложи Љубомир Давидовиќ од Скопје. Вонредното акционерско собрание кое се одржува по барање на Трајковска, ќе се одржи утре во Охрид, а од исходот ќе биде позната структурата на меназерскиот тим на Фершпед.
Слично
