Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велковски: Разговараме за мерки како младите да можат да купат стан

Велковски: Разговараме за мерки како младите да можат да купат стан

Заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 се согласува дека  цените на становите се вртоглави и стануваат недостапни за младите.

„Пазарот ги диктира цените, но тие се толку вртоглави што денес човек не може да си дозволи ни тераса, а не цел стан. Затоа е потребна поголема контрола и системски пристап“, изјави Велковски.

Тој додаде дека институциите ќе мора да понудат мерки со кои ќе се олесни пристапот на младите до сопствен дом и ќе се воспостави порамнотежен пазар на недвижности.

„Секое едно министерство во рамките на Владата,вклучувајќи го Министерството за транспорт како надлежно , работи на ова и сме имале состаноци - како да дојдеме до моментот цената на овие станови кои што се градат за комерцијална употреба,или пак да бидат државни и истите да се понудат токму на оваа категорија на граѓани.Така што се прават еден сет на мерки каде што сето ова ќе го надминеме и нема да биде дали ќе се даваат 800-1.000 евра месечна рата,бидејќи така нема да преживееш, а не да ти остане да купиш нешто друго. Туку, сето ова да биде избалансирано и да може овие луѓе да ги имаат своите дневни активности, децата да им растат слободно и на крајот да имаат стан кој ќе биде нивна сопственост“,речеВелковски.

Слично

Поврзани вести