Велковски: По Нова година пензионерите ќе може да работат каде сакаат и до колку сакаат
Без да им страдаат пензиите,од Нова година сите работоспособни пензионери ќе можат да работат, за што претстои нов Закон и измени на постоечкиот.
Ова денес го најави заменик-министерот за социјална политика, труд, демографија и млади Ѓоко Велковски при посетата во Штип.
- Законот ќе се воспостави од 01.01.2026, меѓутоа работиме на една друга законска измена која што значи овозможување на работа не само на одреден период,или во одредени дејности каде што ќе може да се работи,туку работиме комплетно за секој ден секој пензионер по 62-та, 64-та година да ја прима својата пензија, а да може да биде пријавен здравствено, да добива плата и да му тече пензиско, рече Велковски.
Тој додаде дека законската измена за брзо време по локалните избори ќе влезе во владина,па потоа во собраниска процедура.
- Со тоа ќе овозможиме пензионерите, оние кои што сакаат да работат, да не им биде сопрена пензијата за сметка на нивната плата,или да работат како непријавени хонорарци, додаде заменик-министерот.
