Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

ВЕЛКОВСКИ: Не можеме да си играме со пензискиот систем

Заменик минстерот за труд, социјална политика и млади, Ѓоко Велковски вели дека промените во Законот за пензиско и инвалидско осигурување не можат да бидат ад – хок решение. 

„Она што го направивме во првите девет месеци со линеарното покачување од пет илјади денари, беше со цел да се подобри состојбата на сите пензионери. Треба да се промени цел еден систем, бидејќи во моментот односот вработени – пензионери веќе не е 2:1, туку е 1:1,5, дури ни толку. Не можеме да си играме со пензискиот систем. Не можеме да дозволиме наши граѓани да останат без примања во пензионерските денови“, вели Велковски. 

Според заменик минстерот, формирано е владино тело од стручни лица кои работат токму на промените во пензискиот систем.

„Не може ден за ден да се решава, не можеме сега, во јули, набрзина да донесеме одлука што да се прави во септември, па да направиме штета на голем дел од вас. Сепак, односот помеѓу најниската и највисоката пензија веќе не 1:7, туку е 1:4 откако го реализиравме претходно ветеното линеарно покачување од 5 000 денари“, додаде Велковски.

На трибината  учесник предложи да се размисли за процентуално и скалесто покачување на пензиите, повисоките пензии да бидат зголемени со помал, а пониските со поголем процент, при што Велковски го поддржа предлогот.

Слично

Поврзани вести