Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељановски им изрече јавна опомена на пратениците за вчерашниот инцидент

Вељановски им изрече јавна опомена на пратениците за вчерашниот инцидент
Пред почетокот на денешната седница Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски јавно ги опомени пратениците кои го предизвикаа и учествуваа во вчерашниот инцидент на седницата на Комисијата за финансирање и буџет.

Оваа мерка во врска со физичката пресметка меѓу пратеници од ДУИ и ДПА, како што соопшти Вељаноски на почетокот на 12. пленарна седница, е донесена врз основа на член 43 став 4 од Законот за Собрание.

Тој изјави дека како пратеник и претседател на Собранието и пред се како човек не може да го прифати насилството како начин за решавање на политички или програмски расправи.
Како што информираа вчера пратениците на ДП, кои по инцидентот со пратениците од ДУИ соопштија дека се повлекуваат од работата на Собранието не присуствуваа на денешната собраниска седница.
Слично

Поврзани вести