Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски во Тирана: Потребна е поголема соработка меѓу Македонија и Албанија

Вељаноски во Тирана: Потребна е поголема соработка меѓу Македонија и Албанија
Повик за поголема соработка, но и поголемо разбирање меѓу македонскиот и албанскиот народ и двете држави упати денеска претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски, кој е во официјална посета на Албанија. Пред пратениците од албанскиот Парламент тој истакна дека односите меѓу двата народи се дел од највисоката агенда на најголем дел од релеватните политички лидери во Македонија. „Единствено преку комбинација на мерки за натамошно релаксирање на меѓуетничките односи и со силен и бескромпромисен ангажман во насока на јакнење на економијата, ќе успееме да ја зајакнеме довербата помеѓу Македонците и Албанците“, рече Вељаноски кој додаде дека е потребно да се развиваме политичката и економска соработка. Вељаноски во Тирана се сретна со албанскиот колега Илир Мета, со претседателот на државата Бујар Нишани и со заменик премиерот Нико Пелеши. За време на средбите било разговарано за регионалната соработка, но и за евроатлантските процеси. Како што соопштија од кабинетот на Вељаноски, тема на дискусија биле и за малцинствата, при што е потенцирано дека на Албанците во Македонија и на Македонците во Албанија се гледа како на фактор кој наместо да дели, соединува. „Улогата на албанскиот фактор во Македонија беше и останува клучна, многу важна и многу позитивна за стабилноста и интеграцијата на Македонија и за зајакнувањето на соживотот и хармонијата. Верувам дека целосната и ефективната имплементација на Охридскиот договор ќе помогне уште повеќе во таа насока“, изјави Мета. Вељаноски во Тирана вечерва присуствува на приемот по повод 20 години од воспоставување на дипломатските односи помеѓу Македонија и Албанија.
Слично

Поврзани вести