Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски повторно претседател на Собранието

Вељаноски повторно претседател на Собранието
Досегашниот собраниски спикер Трајко Вељаноски ќе ја извршува таа функција и во новиот мандат. На конститутивната седница на новиот парламентарен состав за него гласаа сите 87 присутни пратеници. На седницата не беа присутни членовите на СДСМ и нивните коалициски партнери, како и Руфи Османи од НДП. „Сакам да ја споделам и мојата длабока разочараност што пратениците на една коалиција, незадоволни од народната поддршка, одлучија да не ја извршуваат доверената одговорна задача. Оттаму, од ова место, како прв меѓу еднаквите, повикувам на државно единство. Повикувам сите да бидат свесни за својата историска одговорност и да не дозволат личните суети да ја надминат почитта кон Македонија. Ги повикувам нашите колеги од опозицијата да дејствуваат во рамките на Уставот и на законите, односно да дојдат тука во Парламентот за да работиме“, рече Вељаноски. Вељаноски повторно ќе биде Претседател на Собранието, иако оваа важна политичка функција беше една од клучните на кои инсистираше Демократската унија за интеграција заедн со измена на Деловникот која би овозможила и пленарните седници да се водат на албански јазик. Пратениците на ДУИ го поддржаа изборот на Вељаноски, а непосредно пред конститутивната седница ДУИ испрати и заедничко соопштение со ВМРО-ДПМНЕ во кое се наведува дека двете партии сепак постигнале договор да ја формираат следната Влада.
Слично

Поврзани вести