Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски ја побара опозицијата во Собранието

Вељаноски ја побара опозицијата во Собранието
Собранискиот спикер Трајко Вељаноски денеска ја повика опозицијата да се врати во Собранието и да се приклучат на работата на законодавниот дом. „Не сакам да бидам претседател на Собрание како што беше на времето Тито Петковски. Сè што е во моја надлежност ќе направам за да се вратат“, рече Вељаноски на својата прва средба со новинарите по реизборот за претседател на Собранието. Тој најави дека најдоцна до крајот на овој месец ќе ја закаже првата пленарна седница на која пратениците ќе треба да донесат одлука за тоа кои ќе бидат потпретседатели на Собранието, како и одлуки за членови на постојаните работни тела без кои не може да се постапува по законите. Согласно закон, едно од трите потпретседателски места и припаѓа на опозициската партија со најголем број пратеници во Собранието, а тоа е СДСМ, појаснува Вељаноски. Од опозицијата треба да дојде и претседателот на анкетната и на две надзорни комисии, а вообичаено досега и Комисијата за финансирање и буџет ја водеше пратеник од опозицијата. Сепак Вељаноски нагласува дека нема да дозволи да трпи законодавниот процес и ќе го користи своето деловничко право, доколку не се премислат пратениците од опозицијата, тој да ги закажува седниците на овие тела.
Слично

Поврзани вести