Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски: Да го сочуваме тоа што го имаме, да го почитуваме непроценливото наследство кое го имаме

Вељаноски: Да го сочуваме тоа што го имаме, да го почитуваме непроценливото наследство кое го имаме
Илинден е темелот на нашата државност, сведоштво за генерациите пред нас. Ова е денот кој ќе ја води Македонија кон нови победи. Илинденците и славните партизани еднакво силно се посветија за слободна држава. Таквиот импулс го имавме кога се создаваше самостојна Македонија, а го имаме и денес. Да го сочуваме тоа што го имаме, да го почитуваме непроценливото наследство кое го имаме, порача претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, во обраќањето пред споменикот на Ченто, по повод големиот празник Илинден. - Мораме да го надоградиме тоа со своето дело и да го оставиме на поколенијата. Се соочуваме денес со предизвици со кои се проблематизира државноста, традицијата, корените. Но, знам дека ќе ја добиеме и оваа тешка битка - рече Вељаноски. Спикерот посочи дека имиња како Даме, Гоце, Ченто не задолжија, но и не научија колку е скапа слободата. Храбро се вложија за темелите на Македонија. - Славејќи ја нивната пожртвуваност за слободна и независна држава, искажуваме благодарност за нивната непокорност и истрајност заради која денeска сме свои на своето. Илинден е темелот на нашата државност и самобитност! Илинден е гранитното сведоштво за влогот на генерациите пред нас! Илинден е мотив за акција! Илинден е посакуваната енергија! Овој ден е незапирливиот импулс кој Македонија ја водел и ќе ја води само напред кон нови победи - истакна претседателот на Собранието. Вељаноски говореше за борбата и посветеноста на Ченто, кои треба да бидат основна наша водилка. - Овој далекусежен поглед на Ченто, можеби и безвременски по својот универзален хуман карактер, не смее да се заборави.Ченто со својата борба и посветеност длабоко не потсетува дека основната наша водилка треба да е единството на сите граѓани кои Македонија ја нарекуваат свој дом, кои во оваа држава го живеат својот живот, го создаваат своето семејство и кои на идните генерации ќе им ја пренесат светата визија за внатрешно единство, за слога, почитување и разбирање во нашето мултиетничко општество - рече Вељаноски.  
Слично

Поврзани вести