Велика Британија подготвува вето на идното проширување на ЕУ?
Велика Британија ќе стави вето на идното проширување на Европската унија , ако не бидат воведени построги правила за европските работници . Земјата ќе настојува за построги услови за пристапување на сите нови членки на заедницата. Целта е да се ограничи пристапот на граѓаните од овој дел на континентот до европскиот пазар на трудот , изјави британскиот премиер Дејвид Камерон , цитиран од Reuters.
Во исто време истражувањата покажуваат дека приливот на источноевропејци придонел за зголемување на бруто домашниот производ на Велика Британија и дека тие носат пофолема социјално сигурност отколку што добиваат помош.
На самитот на ЕУ во Брисел , каде што беше потврден почетокот на преговори за членство на Србија следниот месец , Камерон истакна дека на новите членки не би требало да се решаваат „големи миграции на населението" .
Британските медиуми исто така се сконцентрирани кон „претстојната" , според нив , опасност од прилив на Бугари и Романци од 2014 година, кога истекува рокот на привремените ограничувања за пристап до британскиот пазар на труд за граѓаните на овие земји.
Покрај Србија , уште четири земји се кандидатки за пристапување - Исланд , Турција , Црна Гора и Македонија.
Слично
