ВЕЛИКА БРИТАНИЈА ОДОБРИ ПЛАЌАЊА ПРЕКУ ГАЗПРОМБАНК ДО 31 МАЈ: Целта е да се обезбеди снабдување со гас за Европската унија
Велика Британија
и даде дозвола на руската Гаспромбанк и нејзините филијали да вршат платежни
трансакции до 31 мај, со цел да се обезбеди снабдување со гас за Европската
унија, се наведува во документ на британското Министерство за финансии, пренесува
Ројтерс.
Лиценцата овластува физичко лице или компанија да продолжи да плаќа преку таа банка според договори склучени пред 21 април и дозволува други дејствија како што се отворање и затворање банкарска сметка да вршат такви плаќања, се вели во документот на британското Министерство за финансии објавен на интернет.
ФОТО: EPA
Слично
