Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велика Британија може да не ја плати „сметката по разводот“ со ЕУ

Велика Британија може да не ја плати „сметката по разводот“ со ЕУ

Велика Британија може да не ја плати „сметката по разводот“ со Европската унија, барем така се тврди во извештајот на комисијата до Домот на лордовите. На крајот на минатата година претставници на ЕК објавија дека Велика Британија има долгорочни обврски кон ЕУ во вредност од 60 милијарди евра, кои треба да бидат гарантирани пред да започнат какви и да се разговори за постигнување на трговски договори.

Владата, сепак, е во силна правна позиција да го игнорира условот на ЕУ, е запишано во извештајот. Таму е наведено дека парите нема да бидат исплатени, ако преговорите за Брегзит завршат без постигнување договор. Финансиските обврски на Велика Британија кон ЕУ се предмет на спор меѓу Лондон и Брисел.

Премиерот Тереза ​​Меј планира до крајот на месецот да го активира Член 50 од Лисабонскиот договор, што ќе го стави официјалниот почеток на двегодишниот преговарачки процес по излегување на Британија од Унијата.

Според некои тврдења Европската комисија сака целата сума да биде платена одеднаш, во рамките на буџетските обврски кон ЕУ. Овој услов е дел од преговорите за преговарање на нови трговски и политички односи.

„Заклучокот е дека ако не биде постигнат договор, целото законодавство на ЕУ престанува да е применливо и Британија нема да е под никаква принудна обврска да прави било каков придонес“, се вели во извештајот, насловен „Брегзит и буџетот на ЕУ“.

Потсетуваме дека во одговор на барањата на Брисел дека должат милијарди, Велика Британија може да побара компензација од над 150 милијарди евра од средствата на Европската унија. Обединетото Кралство цели да ги компензира своите загуби од Брегзит, напиша пред неколку дена The Times.

Слично

Поврзани вести