Велика Британија ќе изгуби 2,2% од БДП, ако ја напушти Европската Унија
До 2030 година Велика Британија може да изгуби 2,2% од бруто домашниот производ (БДП) или околу 82 милијарди долари, ако ја напушти Европската унија. Ова станува јасно од истражувањето на институтот „Open Europe“ .
Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјавил дека ако победи на парламентарните избори во мај, Конзервативната партија ќе организира референдум за британското членство во ЕУ до 2017 година. Евроскептичната британска партија на Независноста, изјавиле дека ќе ја поддржат евентуалната конзервативна малцинска влада, ако партијата на Камерон се согласи да се одржи референдумот пред Божиќ.
Лабуристите, кои имаат еднакви шанси со Конзервативната партија, според анкетите, се посветени на Европа, но сакаат институционална реформа, додека либералдемократите, кои се во коалиција со конзервативците, се цврсто проевропски настроени.
Институтот наведува дека БДП на Велика Британија ќе биде засегнат сериозно, ако Лондон не успее да склучи договор за слободна трговија со Европа надвор од рамките на ЕУ. Исто така Велика Британија ќе загуби многу ако не склучи такви договори со остатокот од светот. Последиците од сето тоа се поврзани со намалувањето на БДП на земјата со 2,2%.
Најдоброто сценарио е склучување договор за слободна трговија со Европа, многу амбициозна дерегулација за економијата и желба за трговија со останатиот свет. При овие чекори Британија ќе го зголеми за 1,6% БДП во 2030 година, отколку ако остане во ЕУ, но британските работници ќе бидат изнесени пред зголемена конкуренција од земјите каде работната рака е пониско платена.
Најверојатниот исход е меѓу загуба од околу 0,8% од БДП само ако Лондон склучи трговски договор со ЕУ и 0,6% за проширување на БДП, ако успее да склучи слични договори со останатиот свет и Брисел.
Најлошото сценарио е ако Велика Британија ја напушти ЕУ и преземе протекционистички политики, дополнуваат од институтот.
