Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛИГДЕН ПОМИНА: Се чекаат мерки за цените на храната

ВЕЛИГДЕН ПОМИНА: Се чекаат мерки за цените на храната

По најавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по Велигден ќе следуваат нови мерки за цените на храната, денеска се очекува Владата да ги разгледа на редовна седница.

Повод за новиот пакет мерки е растот на инфлацијата, која според податоците на Државен завод за статистика во март изнесува 4,9 проценти, при што најголемо зголемување е забележано кај храната и пијалоците.

Премиерот претходно најави дека мерките ќе бидат таргетирани и ќе се однесуваат на одредени категории граѓани, како и на основни прехранбени производи. Според него, се разгледува комбиниран пристап кој ќе вклучува намалување на ДДВ и ограничување на профитните маржи.

– Следните мерки ќе бидат пофокусирани и ќе се однесуваат на одредени групи на граѓани и на одредени производи, главно основни прехранбени производи. Тие ќе бидат комбинирани со намалување на ДДВ и со ограничување на профитната маржа – изјави Мицкоски минатата недела.

Тој нагласи дека Владата пристапува внимателно при креирањето на мерките, имајќи ја предвид неизвесноста околу времетраењето на кризата на Блискиот Исток, која директно влијае врз цените на енергенсите и трошоците за живот.

Како дел од претходните чекори, Владата веќе донесе одлуки за намалување на ДДВ за горивата и намалување на акцизите, со цел ублажување на ценовните шокови.

Во меѓувреме, поради празничниот период, се очекува и Регулаторна комисија за енергетика да донесе нова одлука за цените на горивата.


Слично

Поврзани вести