Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛИ ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Вучиќ бара разграничување со Албанците

ВЕЛИ ЗА ТАНГО СЕ ПОТРЕБНИ ДВАЈЦА: Вучиќ бара разграничување со Албанците

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека се залага за разграничување со Албанците. 

„Да имаме територија за која не се знае како се третира и што кому му припаѓа, тоа е секогаш извор на потенцијални судири и проблеми. Јас се залагам за разграничување и тоа не го кријам, и тоа е политиката што ја претставувам. Дали таа политика ќе добие поддршка од народот или не, јас се залагам за разграничување со Албанците“- изјави Вучиќ.

Според него, дали во тоа ќе се успее „не зависи од нас“.

„За танго се потребни двајца“- рече тој.

Вучиќ додаде дека решението за Косово мора да биде сеопфатно, а не едноставно ниту упропастено.

Слично

Поврзани вести