Велешкиот суд ќе одлучува за можноста за стечај на „Фени индустри“
Врховниот суд го одби барањето за изземање на Велешкиот суд во одлучувањето за можноста за стечај на „Фени индустри“.
Судскиот процес ќе продолжи во Основнот суд во Велес, а барањето за делегирање друг суд е отфрлено како неосновано.
„Постапката за овој предмет останува да се води пред стварно и месно надлежниот Основен суд Велес“- пишува во одлуката на Врховниот суд.
Во понеделникот во велешкиот суд требаше да почне претходна постапка за стечај на „Фени“, но судот не расправаше за можноста за отворање стечај на фабриката затоа што сегашниот директор на фабриката, Рајчо Кацаров, пред почетокот на закажаното судење побарал изземање на Основниот суд Велес и пресрапределување на предметот во некој од скопските судови.
Предстечајната постапка на фабриката се отвори на барање на трите најголеми доверители односно банки.
