Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велешкиот градоначалник спаси давеник во Вардар

Велешкиот градоначалник спаси давеник во Вардар
Тројца велешани меѓу кои и  градоначалникот на Велес,  Славчо Чадиев утрово  спасија 26 годишно момче од селото Сливник, кое сакало да се удави во водите на Вардар. Откако почнало да се дави, момчето побарало помош. Местото од каде што скокнало е високо 5 метри. Поради високиот водостој на реката, момчето немало никакви повреди, освен хипотермија поради студената вода. Од болницата велат дека  момчето е донесено со површно дишење и премрзнато од студената вода. Веднаш е префрлено на интензивна нега, по што  го затоплиле и му е направен преглед. Состојбата на жителот на Сливник е стабилна и тој е надвор од животна опасност.
Слично

Поврзани вести