ВЕЛЕШКИ ВЕТЕКС СО НОВА ДОБИВКА ОД ПОЧЕТОКОТ НА ГОДИНАТА – но приходите се послаби од ланските
Велешкиот производител на конци и предива, Ветекс АД Велес, единствена компанија од таков карактер во Македонија, продолжува да ниже успеси во своето работење. Иако, првите шест месеци за велешки „Ветекс“ не се исто успешни како и минатата година, сепак, првото полугодие го завршуваат со профит.
Според објавата на Македонска берза оваа компанија во првите шест месеци од 2026 година ги заврши со стабилни финансиски резултати.
Имено компанијата оствари вкупен приход од 204.018.000 денари, или 3.3 милиони евра што е за 3,3 отстопомалку во однос на истиот период од 2025 година.
Приходите доаѓаат главно од продажба на конци за плетење на домашниот и странскиот пазар, додека дополнителните приходи произлегуваат од осигурување на основните средства, камати и донации.
Во исто време, расходите на компанијата се намалени за 3,44 проценти на 192.439.000 денари или 3,1 милион евра. Главните трошоци се однесуваат на потрошени суровини и материјали за производство, електрична енергија, мазут, како и плати и надоместоци за вработените.
Благодарение на намалените расходите се зголемила ефикасноста на работењето во компанијата, што се рефлектира во добивка од 9.985.000 денари или 162.358 евра за првото полугодие од 2026 година, со соодветен платен данок на добивка.
Претпријатието истакнува дека кредитите биле редовно враќани во износ од 10.215.778 денари, а планот за производство се реализира според барањата на пазарот и техничките капацитети, со вложувања во обновување на основните средства.
- Како резултат на ова работење остварена е добивка во износ од 9.985.000,00 денари за првите шест месеци од 2026 година и платен данок на добивка.
Во овој период нема нови кредитни задолжувања, а доспеаните кредити редовно се враќани во износ од 10.215.778,00 денари.
Исполнувањето на планот за производство во тековната година ќе се одвива според барањата на пазарот и техничките можности и капацитетот на претпријатието, а ќе се вложува во обновување на основните средства, како би можело да се следи барањето на пазарот – се посочува во објавата на компанијата.
И покрај големата економска и политичка неизвесност во Европа, Ветекс успеа да ги одржи приходите и да ги оптимизира расходите, обезбедувајќи солидна основа за останатата половина од годината.
П.О.
