Велешка Порцеланка отиде во раце на индиски инвеститор!
Еден од глобалните лидери во инсвестирањето, според надлежните, Групацијата БРГ го презема управувањето со велешка Порцеланка.
Со инвестицијата која се проценува на над 30 милиони евра, во велешката фабрика ќе произведува кујнски прибор и се очекува да се отворат нови 1000 работни места.
Оваа инвестиција беше најавена лани во март и е втора голема инвестиција во Велес.
Оваа групација поседува шест фабрики и претставништва во Дубаи, Хонг Конг , Сингапур, Лондон а со 13 000 вработени ширум светот има годишен обрт од над 500 милиони евра.
Слично
