Велешка царина: Најмногу пари од Маркарт, Брако, Динамо Леов
Царинската испостава Велес најмногу пари од извозот наплатила од компаниите Маркарт, Брако, Динамо Леов, Динамо Хит, Енмон, Елса Ес, ТГП Системи, Димекс, Лутекс, Алена и други, по посетата на директорот на Царинската иправа, Горан Сугарески.
Управникот на Царинарница Штип Иван Сапсовски информираше дека во последните 10 години доста е зголемен обемот на работа, а наплатата на давачки при увоз е зголемена од 30 милиони на 130 милиони денари во просек. Најмногу тоа се должи на компанијата Маркарт на која се однесуваат две третини од обемот на работата и наплатата, а останатото е на велешкото стопанство со увоз на репроматерјали, како што се компаниите и други.
Карактеристично за Царинската испостава Велес, што е во склоп на Царинарница Штип, е тоа што се наоѓа во централното подрачје на државата, на крстопат север-југ и исток-запад. На оваа испостава има можност за царинење на сите видови на стоки и овозможува кратко задржување на возила кои транзитираат.
Слично
