Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВЕЛЕШЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И Е ГРЧКА: Почина Микис Теодоракис

ВЕЛЕШЕ ДЕКА МАКЕДОНИЈА Е ЕДНА И Е ГРЧКА: Почина Микис Теодоракис

Познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, кој имаше антимакедонски ставови, почина на 96 години во грчката престолнина Атина. 

Теодоракис ја почнал музичката кариера на 17 години и потоа создаде богат и широк опус. Ја компонираше и музиката за церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Барселона во 1992. Тој се здоби со голема почит и со тврдоглавото противење на поствоените режими во Грција, кои го прогонуваа и му ја забрануваа музиката. Во најголем дел од 1980-ите беше пратеник од редовите на Грчката комунистичка партија, за потоа да стане министер во конзервативната влада на Константин Мицотакис. Еден од неговите последни јавни политички настапи беше говорот на масовниот протест против Преспанскиот договор во 2018 во Атина. Порача дека постои само една Македонија, а таа според него  е, беше и секогаш ќе биде грчка.  Тој кажа дека е горд што е дел од овие протести. 

Фото: Катимерини

Слично

Поврзани вести