Економија, финансии, бизнис

Контакт

Велес протестира, сакаат фер избори и чист список

Велес протестира, сакаат фер избори и чист список

Граѓаните на Велес попладнево излегоа на протест против одлуката на шефот на државата, Ѓорге Иванов за помилување на политичарите.

Тие бараат слободни медиуми, прочистен избирачки список и фер избори. „Никогаш повеќе ваква власт“, пишуваше на транспарент што ги носеа демонстрантите. Утре протести во организација на здружението „Протестирам“ ќе има во Скопје и Куманово. Во вторник ќе се протестира во Прилеп. Со ова се зголемува бројот на градови каде граѓаните го манифестираат својот револт.

Иако денеска во Скопје немаше протести, сепак дел од граѓаните попладнево се собраа пред Собранието.

Слично

Поврзани вести