Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељановски: Локални избори на 24 март

Вељановски: Локални избори на 24 март
Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ги распиша локалните избори за 24 март. Тој објави дека согласно законската обврска која ја има како претседател на Собранието на Република Македонија и согласно роковите утврдени во Изборниот законик, денеска го потпишал решението за распишување на избори на членови на советите на општините и советот на градот Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје. Законските одредби предвидуваат локалните избори да се одржат во втората половина на месец март, а законскиот рок - од 70 до 90 дена на располагање дава два термини. Првиот е 24 март, вториот е 31 март 2013 година. Бидејќи 31 март е голем верски празник - Велигден за граѓаните од католичка вероисповед, Вељаноски предложил локалните избори да се одржат на 24 март 2013 година. Решението за распишување на изборите ќе биде доставено до Државната изборна комисија на Република Македонија, како орган за спроведување на изборите. Претседателот на Собранието по ово повод, ги повика сите учесници во изборниот процес, своето однесување и своите постапки да ги раководат и усогласат исклучиво со одредбите од Уставот и законите, на најдостоинствен начин кој ќе овозможи континуитет во добивање на најпозитивни оценки за спроведување на овој исклучително значаен процес. -Секој нов изборен процес треба да значи одржување и надградба на добиената позитивна оценка на претходниот. Да направиме максимални заложби Република Македонија да добие уште едни фер и демократски избори, заради остварување на стратешките евроатлантски определби на државата и заради доброто на граѓаните на Република Македонија“, истакнува во своето обраќање Вељаноски.
Слично

Поврзани вести