Вељановски-Хајндл:Во преден план да биде интересот на државата
Спикерот Трајко Вељаноски на средбата со личниот претставник на министерот за надворешни работи на Германија, амбасадорот Јоханес Хајндл, размениле мислења за што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза.
„Соговорниците се согласија дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните. Исто така беше нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе, со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции. Двајцата соговорници се согласни дека Парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите“ - се наведува во соопштението од кабинетот на Вељаноски.
Потребно е исполнување на реформите за остварување на примарната цел, членството во Европската Унија и Нато Алијансата, заклучиле двајцата.
