Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски во Софија дел од Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ

Вељаноски во Софија дел од Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ

Првиот човек на Собранието денеска обрати на Третата пленарна сесија на Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ) што се одржува во Софија.

Тој се осврнал на почетоците на Процесот за соработка во Југоисточна Европа, Вељаноски оцени дека уште од самиот почеток ПСЈИЕ претставува самостоен обид на земјите од Југоисточна Европа да ги организираат меѓусебните односи на мултилатерално ниво.

– Редовните состаноци на највисоко државно, владино и парламентарно ниво се значаен индикатор за духот на кооперативноста, колегијалноста и подготвеноста за соработка во рамките на Процесот. Овој автентичен глас на регионот доведе до поголемо заедништво, помирување и враќање на довербата меѓу земјите од регионот, а низ годините прерасна во значаен форум за политички и дипломатски дијалог, во кој се вклучени сите држави на Југоисточна Европа, истакна Вељаноски.

Вељаноски оттаму истакна уверување дека дополнителното зајакнување на ПС на ПСЈИЕ, преку формирање на Постојан секретаријат, уште повеќе ќе ја зајакне соработката меѓу националните парламенти на земјите-учеснички, како и соработката со Европскиот парламент и другите меѓупарламентарни собранија.

Според него, во изминатите две декади, постигнати се значајни реформи во регионот кои обезбедиле демократизација на општествата и имплементација на европските стандарди, но во следниот период престојат уште многу предизвици кои треба да се решаваат низ отворен дијалог и соработка.

– Покрај политичките турбуленции кои ги доживува регионот, влијанието на глобалните промени во економијата и актуелната мигрантска криза предизвикуваат сериозни потешкотии кај сите земји, без исклучок. Економската соработка, инфрастуктурното и енергетското поврзување се клучни за иднината на регионот, а потребно е и да се фокусираме на солидарност за подобро решавање на мигрантската криза. Отворените прашања треба да се решаваат единствено низ отворен дијалог, потенцира Вељаноски.

Слично

Поврзани вести