Економија, финансии, бизнис

Контакт

Вељаноски в понеделник ќе ги прифати оставките на министрите од ДУИ?

Вељаноски в понеделник ќе ги прифати оставките на министрите од ДУИ?

Оставките на министрите од ДУИ најверојатно претседателот на Собранието Трајко Вељаноски ќе ги констатира во понеделник, прнесоа дел од медиумите.

Според извори од 24 вести, оставките ќе се најдат на дневен ред на првата закажана седница и тогаш се очекува да бидат констатирани.

Одлуката на ДУИ да ги повлече министрите од Извршната власта отвори многу прашања и негодувања што точно се крие зад овој потег.

За дел од партиите ова е провидна игра на двојникот Груевски-Ахмети кои дополнително ја усложнуваат политичката криза.

Од опозициската СДСМ велат дека овој чекор дополнително ќе ја комплицира политичката криза во земјава.

„ДУИ еднострано напушта техничка влада, формирана согласно Договорот од Пржино, за спроведување на слободни, фер и демократски избори во Македонија, а кога СДСМ ги објавуваше доказите и аргументите за криминал и корупција во коалиционата влада и кога се дозна дека граѓаните незаконско се прислушувале во МВР ДУИ ниту еднаш не повика на одговороност“, реагираат од опозицијата.

За ВМРО-ДПМНЕ пак ова е внатре партиска одлука. Лидерот Груевски вчера се изјасни без коментар образложувајќи дека  тоа е внатрепартиска одлука.

„Немам некој посебен коментар. Се работи за внатрешна партиска одлука. Тоа е нивна одлука и јас не би ја коментирал“- изјави тој во Куманово, по пуштањето во употреба на реконструиран објект.

Од партијата на Али Ахмети преку соопштение изјавија дека причината за повлекување на министрите од Владата се објавените снимки од прислушувани разговори кои беа пласирани во јавноста а се однесуваат на високи функционери на ДУИ.

Тие велат дека во наредните неколку денови ќе донесат одлука што понатаму со нивните политики и дека во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети.

„Претседателството на Демократската унија за интеграција донесе едногласна одлука сите министри и заменици-министри на ДУИ во Владата на Република Македонија, да поднесат неотповикливи оставки и дека сите овластувања за донесување понатамошни одлуки, како и за преиспитување на нашите политики во следните неколку дена, во иднина се во рацете на лидерот Али Ахмети“, изјавија вчера од ДУИ.

Слично

Поврзани вести